Денеска средба на координаторите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за Собранието

by Fokus 14:07
14:07

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координација одлучи во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно делување.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повтори поддршката за неправедно притворените колеги и останатите граѓани во врска со настаните од 27-ми април, реафирмирајќи ги позициите дека правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон. Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе бидат создадени услови за учество на опозицијата и нејзино партиципирање во носењето на законите  се наведува во соопштението од опозицската партија.

 

Поврзани новости