Министерството за здравство ветува дека нема да избира несоодветни кадри

by Fokus
Министерството за здравство ја информира јавноста дека посочениот оглас во неколку медиуми, на кој се бара државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, е завршен.
– Потенцираме дека единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист. А дополнително има и  соодветни едукации, кои се совпаѓаат со условите кои треба да бидат исполнети за таа позиција. Целта на Министерството за здравство е на вакви значајни позиции да се изберат најдобри и најквалитетни кандидати. Во исто време, сакаме да потенцираме дека огласот е распишан по постојната систематизација, која за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување, со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи – се наведува во соопштението од министерството за здрасвтво.

Поврзани новости