Денеска сончево, од утре дожд

by fokus

Сончево со мала до умерена локална облачност, најавува УХМР за денеска.

Се очекува да дува умерен, а на некои места долж Повардарието и повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до нула степени, а дневната од 10 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје, како и во цела држава, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

За утре (15 март), пак, од УХМР најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни, а во текот на ноќта на планините и повисоките места се очекува снег.

Поврзани новости