Филипче: Притисокот е огромен

by Fokus

Пет болнички возила од АРМ се ставени на располагање на здравствените работници во борбата против пандемијата на корона вирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче се заблагодари за оваа помош и додаде дека тоа е многу драгоцено во овие моменти.

„Притисокот врз здравствениот систем е огромен. Се зголеми капацитетот на болничките возила, но оваа помош е и тоа како драгоцена и важна. Ситуацијата е критична во нашата земја. Очекуваме резултати од мерките што се спроведени, но нема потреба од рестрикции. Иако сме подготвени и за такво нешто“, истакна Филипче.

Поврзани новости