Денеска ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на бегалецот Груевски

by fokus

За денеска во 11 часот закажана е седницата на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Бегалецот Груевски повеќе од 6 месеци е неоправдано отсутен и не ги извршува собраниските обврски.

За одземање на мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство, односно за треба да гласаат 80 пратеници.

Груевски веќе половина година е во Будимпешта, Унгарија, откако избега за да не ја одлежи двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.

Поврзани новости