Дендиас и Чавушоглу јавно си разменија обвинувања кој повеќе провоцирал

by Фокус

Прес конференцијата на грчката и турската дипломатија, Никос Дендиас и Ахмет Чавушоглу, доби невообичаен тек откако двајцата наместо да заминат на предвидената работна вечера почнаа да се препукуваат која страна провоцирала.

-Позицијата на Грција е јасна. Во Егејското море и во Источниот Медитеран Турција го прекрши меѓународното право и морското право, а не само ова, туку ги има прекршено и самите суверени права на Грција, има направено и 400 прелети над грчка територија – рече Дендиас.

Чавушоглу, пак, одговори дека не може да прифати изјави дека Турција ги прекршила правата на Грција во Егејското море.

-Ова не можеме да го прифатиме, ова е прашање кое го дискутираме меѓу нас, но ако дојдете и го покренете, овде пред медиумите, тогаш сум должен да одговорам – истакна Чавушоглу.

Размената на обвинувања продолжи и за други теми, како што се мигрантското прашање, малцинството во Грција, меѓународното право, Европската Унија, демилитаризација на грчките острови.

Поврзани новости