„Фајзер“ ја брани цената на вакцината: Дозите не се поскапи од храна, а спасуваат живот

by Фокус

Шефот на „Фајзер“ Алберт Бурла денеска изјави дека вакцината на компанијата против Ковид-19, која е меѓу најскапите на пазарот, не е поскапа од цената на храната. Тој ја бранеше цената на дозите кои, како што рече, спасија животи и може да им помогнат на земјите да излезат од пандемијата.

– Вакцините се многу скапи. Тие спасуваат животи, дозволуваат повторно отворање на економиите, но ние ги продаваме по цена на храна – рече тој Бурла.

Развиена во соработка со германски „Бионтек“, вакцината на „Фајзер“, заедно со „Модерна“, е вакцината што најмногу ја чинеше Европската унија, според податоците објавени пред неколку месеци од член на белгиската Влада.

Поврзани новости