Демократски сојуз: Да ги оставиме бугарските политичари да се гушат во национализмот

by fokus

Политичарите од Бугарија водат предизборна кампања преку манифестирање на национализам против Македонија, македонскиот народ и јазик, велат од Демократскиот сојуз, партија којашто е дел од владината коалиција и предупредуваат дека нивната крајна цел е со навреди кон македонскиот народ да добијат политички поени.

-Ваквата предизбирна кампања и натаму ги труе и влошува односите помеѓу двете држави, но таа кампања е поефективна доколку сите тие национал-шовинистички изјави јавно ги коментираме. Наш став е дека треба да ги оставиме тие самите да се гушат во национализамот и ниското ниво на комуникација. Фрлајќи кал по нас тие ќе заглават во истата. Македонија е суверена држава, со своја автентична историја, народ и јазик. Наместо да кукаме, ние треба како држава да подготвиме Акциски план за приоритетните реформи и имплементација на европските вредности и да се движиме по патот кон Европската Унија. Потребни се реформи на судскиот систем, ефикасна борба против криминалот и се разбира справување со пандемијата и прилагодување на економијата во услови на тешка здравствена криза.

Поврзани новости