381
Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.
Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција, се со цел да се обезбеди стабилност, сигурност и економски развој на државата.
Огромната меѓународна поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да не извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме.
Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за Уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање на заеднички чекори за иднината на земјата.