Демиркапијци слават: По четири мандати Апашот отиде во историја

by Fokus

Лазар Петров од СДСМ победи во Демир Капија. Според ДИК, излезеноста на гласањето била 83,95 проценти, а за Петров гласале 1.126 гласачи, додека за неговиот противкандидат Трајче Димитриев, со прекар Апашот, од ВМРО ДПМНЕ гласале 881 лице.

Демиркапијци веќе му ја честитаат победата на Петров на социјалните мрежи со зборовите – Победи еден од најзаробените градови во Македонија, Живот за сите во Демир Капија, Апашот отиде во историја…

Противкандидатот на Петров, Димитриев, се бореше за својот петти мандат. По шеснаесет години во градоначалничката фотеља, тој доживеа пораз со разлика од околу 250 гласа.

Беше избран за градоначалник на Општина Демир Капија во два мандата од 1996 до 2005 година, потоа на изборите во 2009 година, а на изборите во 2013 година, по четврти пат жителите на Општина Демир Капија му ја дадоа довербата за градоначалничката функција.

Поврзани новости