372
Кандидатката на ДУИ за градoначалник на Тетово, Теута Арифи, и се заблагодари на ДУИ за поддршката за уште еден четиригодишен мандат за оваа функција, но воедно им се заблагодари и на жителите на Тетово кои втор пат по ред ја избираат за градоначалник.
– Сакам да им се заблагодарам на нашите активисти, но и на граѓаните кои на овие избори ја оценија нашата завршена работа и завршени проекти и ветувам дека и во идниот мандат ќе работам за сите граѓани без разлика на етничка и политичка припадност – рече таа.