Делегат на ВМРО-ДПМНЕ примил закани, бара судско одложување на Конгресот

by Fokus 15:31
15:31

Директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски, како делегат на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен член на партијата, до Основниот суд 1 доставил предлог за времена забрана за одржување на Вонредниот конгрес во Валандово.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на Агенцијата, причина за ваквиот чекор е неговото право на Конгресот да ја искаже својата слободна политичка волја што во моментов не е можно зашто има, нагласи, директни закани од некои делегати, а за тоа е известено и МВР.

- Advertisements -

МИА

Поврзани новости