Каевски одби, несудениот градоначалник на Сопиште го прифати пратеничкиот мандат

by fokus

Нови пратеници на СДСМ во Собранието се Далибор Богдановски и Самка Ибраимовски, чии мандати денеска беа верификувани во парламентот. Богдановски и Ибраимовски доаѓаат во пратеничките клупи, откако Стево Пендаровски и Васко Ковачевски поднесоа оставки од функцијата.

Ибраимовски беше министер без ресор во Владата на Заев, но ја напушти функцијата во процесот преговори на владините колиционери за пополнување на министерските места испразнети по локалните избори. Богдановски, пак, безуспешно се кандидираше за градоначалник на Општина Сопиште, една од малкуте општини кои по локалните избори останаа во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Мандатот претходно му бил понуден на Дарко Каевски, како следен на пратеничката листа на СДСМ од Изборната единица 1. Каевски ја известил денеска Државната изборна комисија дека не го прифаќа мандатот. Од јули годинава тој ја извршува функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт.

Поврзани новости