Дел од Центар утре без вода

by fokus

Корисниците од улиците „Костурски Херои“, „Рајко Жинзифов“ и „Борка Талевски“ во близина на Порта Буњаковец во општина Центар утре од 8:00 часот ќе бидат без вода за пиење.

Како што инфомрираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Рајко Жинзифов“.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на работите.

Поврзани новости