Деканот на ФИНКИ: Немаше контрапротест, туку еколошка акција

by Фокус

Деканот за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Иван Чорбев, изјави дека групата студентите од ФИНКИ и ДИФ кои денеска садеа дрва во кампусот на УКИМ, не биле контрадемонстранти, туку спореведувале еколошка акција во која се обидувале да засадат што поголем број дрвја, откако пред некој ден беа исечени сите.

-Тоа е на некој начин компензација за исечените дрвја каде треба да се изгради зградата на ФИНКИ, па сакаме да засадиме нови. На трибината во саботата ветивме дека ќе засадиме двојно повеќе дрвја од исечените во најскоро време, рече Чорбев.

Тој додаде дека иако кусо време е декан и не е целосно запознаен со целата процедура, биле запазени сите законски и универзитетски процедури.

-На Наставно-научните совети на двата факултета беше изгласана потребата за изградба на зграда и финансиерот да ја изгради таа зграда. Нашите факултети немаат финансиски капацитет да изградат факултет сами, рече Чорбев.

Поврзани новости