СДСМ: Очигледно Груевски има многу работи за криење од граѓаните

by Фокус

-Никола Груевски во страв се крие од граѓаните. Очигледно многу работи има за криење Никола Груевски од граѓаните, штом побара да сведочи тајно во Анкетната комисија за незаконското прислушување на над 20.000 граѓани. Груевски бара помирна атмосфера затоа што е во паника од соочувањето со одговорноста за незаконското прислушување, за криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, реагираа СДСМ на тоа што премиерот Никола Груевски сведочи на затворена седница.

Од СДСМ велат дека граѓаните знаат зошто Никола Груевски се крие и бега од јавноста, но и дека тој не може да избега од одговорноста.

-Цели 10 години Никола Груевски мислеше на бизнисите на фамилијата, на парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на тендрите за споменици вредни 630 милиони евра, додека граѓаните осиромашуваа. Но, јавноста ќе дозне се. Од вистината нема бегање, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости