Дејан Митровски – Урко избран за член на Бордот на Светската кик бокс федерција Вако Балкан

by Fokus

Претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија Дејан Митровски – Урко, кој беше поранешен шеф на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски е избран за нов член на Светската Кик-бокс федерација Вако Балкан.

Урко стана претседател на македонската Кик бокс федерација пред речиси една година во октомври, 2016 година.

Тој можеше да се слушне и во „бомбите“ што пред две години ги објави лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев во врска со смртта на младиот Мартин Нешковски и во аудио снимките каде што можеше да се слушне како екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков го „кара“ дека му направил штета со фирмата за обезбедување СГС.

Според првостепена пресуда, која Кривичниот суд ја донесе на 20 јуни, 2017 година Урко беше осуден на условна казна од две години за сообраќајката што се случи, во која почина 22-годишно момче. Оваа пресуда наскоро ќе стане и правосилна бидејќи обвинителството најави дека нема да поднесе жалба.

Поврзани новости