Ивица Коневски по третпат ќе биде кандидиран за градоначалник на Општина Аеродром, соопшти денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски. Покрај него, договорено е Николче Чурлиновски да биде кандидат на оваа партија за Општина Валандово.
„ВМРО ДПМНЕ на претстојниве локални избори ќе има убедлива победа. Тоа го покажуваат сите релевантни истражувања и тоа го чувствуваме секојдневно при нашите активности и средби со граѓани. Граѓаните нема да дозволат да бидат по вторпат прелажани од Заев и СДСМ, и ќе го казнат нивното катастрофално однесување.
Според него, Ивица Коневски е еден од најуспешните градоначалници во Македонија.
„Граѓаните за овие три месеци најлесно може да ја увидат разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ. Токму локалните избори и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе отворат можност заедно со граѓаните да ставиме крај на ова лудило и деструктиција на СДСМ“, порача Мицковски.