ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ни „за“ ни „против“ Законот за јазици

by fokus

Комисијата за европски прашања со 9 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ и „воздржан“ го усвои заклучокот дека Законот за употреба на јазиците е прифатлив. Со тоа мнозинството во Комисијата одлучи дека законот е во согласност со правото на ЕУ, и дека треба да се даде на понатамошно читање, со што ќе се разгледува на Законодавно-правната комисија, а потоа и на пленарна седница во Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во оваа Комисија воопшто не се изјаснија за оваа точка и не гласаа ниту „за“ ниту „против“.

Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ членови во оваа Комисија се: Никола Поповски, Трајчо Димков, Сашо Василевски, Љусува Хасани, Магдалена Манаскова, Невенка Стаменковска.

Претседателот на Комисијата Артан Груби им се заблагодари на пратениците од сите политички партии, кои учествуваа во расправата за нивната конструктивност и придонес во расправата.

Поврзани новости