(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Фатмир БИТИЌИ непријател на нездравата храна
Не сум министер за здравство, ама и за народното здравје се секирам,
па затоа и листата на поскапени прехранбени продукти само ја ширам!
Еве на пример, сладолед и чипс не се здрави, па за нив ДДВ ќе се качи,
а ако Грујо го вратиме тоа е доказ дека не сме здрави, лудило нѐ мачи!

 

Данела АРСОВСКА хиперактивна градоначалничка
Ме избраа за претседател на Форумот на градоначалници во Женева,
а во Скопје на 6.000 вработени на Градот плата за 10% ќе им се крева!
Градам водовод за Сарај, а и Европски младински игри тука ќе бидат,
Комунална полиција ќе воведувам, граѓаните и цврста рака да видат!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ политички гастроентерохепатолог
Ме инспирираше изјавата на Мицкоски во која тој Фројд го споменува,
а не знае дека со глумење лудило земјава во ЕУ тешко ќе се зачленува!
Но, можеби човекот има проблем од гастроентерохепатолошка сфера,
тоа е ако не можеш да проголташ кнедла, оти сѐ на повраќање те тера!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Славјанка Петровска и Максим Димитриевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости