Арсовска е избрана за претседател на Форумот на градоначалници

by Fokus

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е избрана за претседател на Форумот на градоначалниците, што се одржа во ОН во Женева, Швајцарија.

За потпретседатели на Арсовска се избрани градоначалниците Рикардо Рио од Брага, (Португалија) и Сузан Aиткин, од Глазгов, (Шкотска).

„Годинава првпат како официјално тело во рамките на Обединетите нации, исклучителна чест претставува фактот што Арсовска беше избрана како претседател и ја доби довербата преку директно гласање на Форумот, на кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Пан-европскиот Регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и од Блискиот Исток“, информираат од Град Скопје.

Градоначалничката Арсовска заедно со својот тим ќе учествува директно во формирањето на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите нации и преку усвојување декларации ќе учествуваат во креирање на меѓународните политики за локалните власти.

Поврзани новости