(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ (не)реалист
Данела со нејзината маица со суперхерој на неа, може мене ме копира,
и мене ме сликаа во маица ко на Супермен, па оставете ја неа на мира!
Убаво е да се замислуваме суперхерои, ама тоа не е реалистично, нели,
баш како и уставни промени со одложена важност, ај да бидеме зрели!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА дел од решението
Во Вермонт бев на посета и изјавив дека не сме веќе дел од проблемот,
ние сме дел од решението, откако глава ставивме под на НАТО шлемот!
Кога сме веќе кај решенијата, чекам решение од Стево за жена-генерал,
не за мене нормално, но некоја што заслужила, ставете ја на пиедестал!

 

Христијан МИЦКОСКИ ко магаре на свадба
Магаре не викаат на свадба за да игра оро, туку за даровите да ги носи,
така се чувствувам и јас по лидерската средба, а членството ми се коси!
Лажеа дека сум прифатил промена на устав ако добијам од власта дел,
сфаќам дека ме наместија, тоа на лидерската ѝ била единствената цел!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Димитар Ковачевски, Данела Арсовска, Јетон Шаќири и Арбен Таравари е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости