Продолжува потрагата по семејството Пацоли во Лепенец, патот немал банкини

by Фокус

Во тек е извлекување на возило од водите на реката Лепенец во близина на несреќата која се случи.

Се уште нема потврда дали се работи за истото возило, а нема ни трага ни глас од од тројцата членови од семејството Пацоли од Косово, кое трагично излета во надојдените води на реката Лепенец, откако вчера попладне на него налета возило „фолксваген туран“ со скопски таблички.

Се трага по мајка, татко и нивниот 16-годишен син, а се спаси само нивниот постар син Шкелзим на 21-годишна возраст, кој е хоспитализиран во градската болница 8. Септември во Скопје и е надвор од животна опасност.

Инаку, на патниот правел Скопје-Блаце се вршат градежни работи и токму тој дел од трасата каде се случил немилиот настан нема банкина, ниту било каква заштитна ограда. Дополнителен проблем претставувал и лизгавиот коловоз од дождовите кои деновиве се многу чести.

Поврзани новости