(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ потпишувач на закони
Зошто ги потпишав законите за Бехтел и Енка? Зошто да не, во ред е сѐ,
па ај нек се гради, од парот автопати нема да се скине државното ќесе!
Туку, на тема „давање пари“, во право е и холандскиот амбасадор Коп,
треба за судски совет да нема пари од ЕУ, на бруката да се каже „стоп“!

 

Фатмир БИТИЌИ (не)поскапувач на струја
Колегата Крешник веќе најави дека зеленчукот нема да го замрзнуваме,
цените ќе се движат слободно, но џебот на граѓаните сепак ќе го чуваме!
Еве, на пример, струјата нема да поскапи, но ДДВ-то ќе се крева полека,
а и дневната тарифа ќе се врати, и брзо ќе биде, анализата само се чека!

 

Данела АРСОВСКА хакирана, а не блокирана
Кои уличари се советниците во Советот кои ме плукаат, добро ги знам,
а уште поголеми уличари се сите кои кршат е-тротинети, немаат срам!
Лажат ВМРО и СДСМ дека градот е во банкрот и сметката е блокирана,
а нам само Финансии не ни префрла пари, мрежата им била хакирана!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Славјанка Петровска, Димитар Ковачевски и Максим Димитриевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости