Легендарната Саманта се враќа во продолжението на „Сексот и градот“

by fokus

Една од најмалку очекуваните вести во изминатата недела беше дека Ким Катрал се враќа на малите екрани во улога на легендарната Саманта Џонс.

66-годишната актерка долго време одбиваше секаква соработка со креаторите на серијата „Сексот и градот“, пред се поради конфликтот со Сара Џесика Паркер, односно Кери Бредшо во дадената продукција. Сепак, и покрај инсистирањето на Катрал дека никогаш повеќе нема да ја видиме како Саманта, дојде до пресврт!

Одлуката на Ким да се појави во втората сезона на серијата „And Just Like That“, која всушност е продолжение на серијата „Сексот и градот“, многумина ја нарекуваат неверојатно изненадување, со оглед на тоа што не се зборуваше за некаков ангажман.

Сепак, ваквата отстапка на Саманта не дојде без одредени услови. Имено, како што тврдат упатени извори за „Page Six“ таа барала да не снима сцени со нејзините поранешни колешки – Синтија Никсон, Кристин Дејвис и Сара Џесика Паркер.

Таа истакна и дека нема да стапне на снимање, доколку присуствува извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг и наводно главниот сојузник на Паркер.

Актерката беше практично главниот лик во серијата, а како откачена, бестрашна, независна и секси Саманта Џонс доби орда обожаватели. Нејзиното отсуство од серијата „And Just Like That“ ги разочара и ги налути обожавателите.

Поврзани новости