Битиќи: ДДВ за електрична енергија постепено ќе се враќа на 18 отсто

by Fokus

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува, одлука ќе донесеме до крајот на јуни, изјави вице премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи утрово во емисија на ТВ„Телма“

„Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај“, изјави Битиќи.

Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни

„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните.“, вели Битиќи.

Поврзани новости