(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ љубител на добра храна
Со Владата бев на гости кај Вучиќ, и со лесковачки воз сакав да се враќам,
ама ми рекоа тоа немало врска со железница, туку со храна, сега сфаќам!
Ете затоа келнер ќе биде нов директор на Железница, ќе знае да сервира,
палачинки по смрзнати цени, за тие кои спороста на возовите ги нервира!

 

Данела АРСОВСКА блокирана во транспортот
Таман посакав Ќосето да го вратам, градоначалникот на Центар рече „не“,
а исто и мојот обид да купам еко автобуси со одлука на Советот спречен е!
Тоа е доказ дека советниците не мислат на граѓаните туку на „медот“ само,
и Скопјани се заложници на ДПМНЕ и СДСМ, крадат сложно рамо до рамо!

 

Христијан МИЦКОСКИ бранител на Уставот
Пак е актуелен 27-ми април, и прво судот ги ослободи Спиро, Трајко и Миле,
а Тимчо дел од платата ќе донира за фамилиите чии татковци осудени биле.
Тоа беа уставобранители, а Уставот го браниме од бугарски уцени и ние сега,
едино може устав по хрватски терк, но од лидерска средба Таче чинам бега?

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Крешник Бектеши, Стево Пендаровски, Славјанка Петровска и Оливер Спасовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости