Експресно одбиено барањето на Арсовска да го врати Ќосето

by Fokus

Како го добиле така го одбиле во Општина Центар барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, споменикот на Андон Лазов – Ќосето да се врати на старата локација пред комплексот судови, од каде беше отстранет во 2018 година. Градоначалничката вчера поднела барање до Општина Центар за враќање на споменикот, а истиот ден беше одбиена.

Неколку месеци по стапување на функцијата Арсовска рече дека има намера да го врати споменикот, кој нејзиниот тим го барал,  но како што рече, не можел да го најде.

Споменикот на Ќосето беше отстранет во февруари 2018 година додека градоначалник на Град Скопје беше Петре Шилегов. Според кабинетот на Шилегов, споменикот беше отстранет бидејќи бил дивоградба.

Поврзани новости