Советниците контра Арсовска за домашно долгорочно задoлжување за набавка на еко автобуси

by Fokus

Советот на Град Скопје по втор пат го блокираше предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за домашно долгорочно задолжување за набавка на еко автобусите.

Советниците на Град Скопје кои не дадоа поддршка на предлогот велат дека не добиле доволно информации околу начинот на набавката, додека од Град Скопје изразија жалење што советниците, наместо да ги задоволат скопјани, ги задоволуваат, како што посочија, партиските лидери.

Покрај тоа, поддршка не доби ниту иницијативата на советничката група на СДСМ за остапување на реконструкцијата на Универзална сала на Владата, а потоа повторно враќање во ингеренции на Градот.

Поврзани новости