(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ во потрага по луѓе
Го чувте ли Битиќи кога рече дека скоро ќе мора да увеземе работна рака,
како на пример Бугари за славење на Мара Бунева, оти тука никој не сака
да врши таква дејност, и затоа ќе ни требаат странски инвестиции и снага,
иако осуденици изгледа веќе извезуваме, еден избега, и по него се трага!

 

Данела АРСОВСКА глава на координативно тело
Ќе ве замолам од сега да не ме викате „кметица“, оти Скопјево не е село,
ова е град со градоначалници, со нив формиравме координативно тело!
Ќе се бориме против сѐ што е лошо, од депонии и смог до градбите диви,
против загадувачите ќе има и пријави, еве „Цементарница“ ми се криви!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА во воена зона
Значи скоро цела година ги гледав сцените од Украина, иако на теве само,
но пред некој ден лично видов кола која гореше на улица, туго леле мамо!
Си одев јас така по тротоарот кај „Корчагин“ пешки, кога колата рече „бум“,
помислив да не ми прави некој атентат, но без гајле, да знаете добро сум!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Бујар Османи, Максим Димитриевски и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

Поврзани новости