Осудениот бизнисмен Кочан половина ден го поминува на слобода

by Fokus

Секое утро околу 7 часот, осудениот бизнисмен Седа Кочан ја напушта затворската ќелија и излегува на слобода. Оди на работа, и потоа околу 18 часот се враќа во затворот, каде што ја поминува ноќта. Оваа е дневната рута на бизнисменот, кој во затвор влезе на 1 август 2019 година, а оваа привилегија ја користи речиси една година.

Иако според надлежните, тој казната од 4 години и 8 месеци ја издржува во затворот „Идризово“, сепак реално Кочан преспива во ќелија во Велес, каде што е позиционирано отвореното одделение на најголемиот скопски затвор.

Според неофицијални информации до кои дојде „Фокус“, бизнисменот наводно работи во фирмата на неговата ќерка Тима Кочан. Таа одлучи да го продолжи семејниот бизнис, односно по неговото затворање основа компанија со приоритетна дејност – изградба на патишта и автопатишта.

Нему му останува да долежи уште 14 месеци од казната, но нема да биде изненадување доколку излезе и порано, бидејќи може да добие скратување на некој месец поради добро однесување.

Со пресудата за „Труст“, која стана извршна во 2019 година, со 17 милиони евра требаше да се обесштети државата поради наместен тендер во РЕК Битола, во 2011 година. Но, во меѓувреме беше отворена и стечајна постапка против фирмата во сопственост на Кочан, „Трансмет“, во која од 17 милиони вреден имот, дури 15 милиони евра е под хипотекарни долгови.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости