(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ меѓу ОМО и МО
Се сретнав со нашите од ОМО „Илинден“ па Бугарите се јавија на тема,
сакаат во нашиот устав да ги пишеме, но во нивниот за нас место нема!?
Уставот сите би да го отвараат, тоа е само поле за нови партиски мучки,
патем, што ѝ текна на Славјанка од МО да продава осум армиски кучки!?

 

Данела АРСОВСКА домаќинка на градот
Шилегов со другарите се гоштевал со бифтек на путер, на градска сметка,
а јас штедев за Нова Година, па за првите 82 дена власт, си пишав петка!
Од март ќе има поевтин паркинг и на семафори го вратив зелениот бран,
но од СДСМ ми поклонија шахта и тоалет, ете во која партија имале џган!

 

Али АХМЕТИ објавувач на видеа
Објавив видео клип со тоа како СДС и ВМРО го пљукале ДУИ, сѐ е онлајн,
20 години и со едни и со други од буџетска нива жнееме јаче од комбајн!
Исто се корумпирани како нас, али за сваки тендер демек ние сме криви,
а ја за све што знам ако отворим уста… али ај, битно да смо здрави-живи!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Бојан Марчиќ, Димитар Ковачевски и Беким Сали е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости