Пендаровски: Ако некому му пречи моја средба со Македонци, тоа не е мој проблем

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски по денешниот Совет за безбедност одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема ништо спорно во неговата средба со ОМО „Илинден Пирин“ и тоа не е спротивно на Договорот за добрососедство од 2017 година.

-Јас дадов и јавно соопштение и коментар на тоа соопштение. Морам да ви кажам дека ме изненади затоа што во тоа соопштение освен констатација немаше аргумент. Дали некому воопшто пречи самата средба затоа што од соопштението кое јас го дадов и изјавите кои ги имавме и јас и луѓето кои беа кај мене на средба, произлегува за што сме зборувале и таму нема ништо спорно. Ниту една точка и запирка од изјавеното од моја и од страна на моите соговорници не оди контра Договорот од 2017 година. Ако некому му пречи самата средба на претседателот на Република Северна Македонија со Македонци каде било во светот, тоа е друга работа и тоа не е мој проблем. И не би требало да биде наш проблем, рече Пендаровски.

Тој додаде дека може да лаже и да им ветува на Македонците од Бугарија дека ќе им ги овозможи правата, но тоа, рече, би било огромна измама бидејќи неговите надлежности се дотука.

Поврзани новости