Се продаваат армиски кучиња на аукција – Пена, Пола, Софи, Сара….

by fokus

Министерството за одбрана објави оглас на којшто се продаваат 11 службени кучиња, осум германски и три белгиски овчари, по цена од 60 до 200 евра.

Кучињата се стари од шест месеци до една и пол година. Сите кучиња кои се продаваат се женски и сите имаат имиња, Пена, Пола, Руда, Софи, Сара, Чика, Чимба….

Веста дека се продаваат армијата продава кучиња прво беше објавена на Радиот телевизија Србија (РТС) со коментар дека огласот во македонската јавност предизвикал остри коментари, со оглед на тоашто животните поминале комлетна обука. Потоа во веста се наведува дека продажбата на службените кучиња е втора одлука на новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска која претходно ја најавила можноста македонската војска да се вклучи во евентуалниот конфликт меѓу Украина и Русија, ако НАТО го побара тоа.


Огласот инаку е објавен на 28 јануари и може да се види на веб страницата на Министерството за одбрана.

Веднаш со објаснување за јавноста преку соопштение излезе Министерството кое тврди дека кучињата се продаваат бидејќи го надминуваат бројот на бројот на потребните кучиња зa потребите на Армијата и на другите институции.

-Кучињата кои се огласени на продажба не се тренирани, а одлуката за нивна продажба е донесена врз основа на проценка на организационите единици задолжени за тоа. Имено, Министерство за одбрана има природен прираст на кучиња од сопствените легла.

Кучињата кои се потребни за Армијата и другите државни органи се распределуваат низ единиците или на другите институции со одлука на Владата, додека бројот на кучиња кој ги надминува потребите се објавува за продажба со јавно наддавање. Ваков вид јавен оглас за продажба на кучиња

Министерството за одбрана објавувало и претходно и зависи од прирастот и потребите на останатите државни институции. Претходниот оглас за продажба на кучиња е објавен во 2016, велат од министерството за одбрана.

Понатаму, оттаму тврдат дека министерството се грижи за доследно почитување на законските одредби од Законот за заштита и благосостојба на животните.

-Со цел обезбедување на правилна грижа на животните кои ги продава, во договорот за купопродажба има одредба во која се задолжува купувачот да посвети потребна грижа за животното и да ги почитува одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Продажбата на кучињата има пред сè хуман аспект, тие да добијат соодветен дом и грижливи сопственици, додаваат од министерството.

Поврзани новости