Ахмети да не се чуди, да си провери во орманот за струја, велат од ВМРО

by fokus

Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на видеото на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој синоќа објави компилација од прес конференции на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.

-Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција.

Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе, се вели во партиското соопштение.

Според нив, секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија „Отворен Балкан“ каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и зборува за Косово.

Ахмети синоќа на Фејсбук објави видео компилација од прес конференции на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.

Ахмети видеото го објави на Фејсбук и порача:

-Со години во постојани напори од различни актери се обидуваат да и нанесат штета на ДУИ, како и да ја користат за оставрување за нивни цели во секојдневните партиски политики, напиша Ахмети.

Засега нема реакција на СДСМ на ова видео.

Ахмети преку видео ги нападна СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости