(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ во потрага по мир
Јас сум шетал, јас сум бил на запад, дури и во градот Париз, Франција,
за на мировен форум да зборам и да побарам за влез во ЕУ гаранција!
Ама не добив ништо ни јас ни државата, тоа е ко ЕУ да нѐ заборавила,
е па така е, во Унија не примаат како во М-НАВ, си имаат тие правила!

 

Оливер СПАСОВСКИ ненадлежен и незагрижен
Но, што сум па јас крив за пасошот на украинскиот олигарх Онишченко,
четири институции му дале изин, го развивал спортот, ист Самсоненко!
Да, тој спорт бил коњички, па и неговите луѓе се однесуваат ко мулиња,
а од бомбите по школите, едина штета е што децата учат по кафулиња!

 

Данела АРСОВСКА градоначалничка во офанзива
По средбата со борците-ослободители на Скопје, почнав јас офанзива,
во Советот една советничка ВМРО изгуби, само да ми е здрава и жива!
Барав ФК Вардар да се врати под капата на Градот, и Советот рече „не“,
15 милиони денари има за сиромашните, барем тој колапс спречен е!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Марко Бислимовски и Никола Тупанчески  е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости