Меси и Роналдо за првпат снимија заедничка реклама за Луј Витон

by Fokus

Лионел Меси и Кристијано Роналдо со своето ривалство ги одбележаа последните 15 години од светскиот фудбал, но освен што се лути ривали на теренот, Аргентинецот и Португалецот многу се почитуваат.

Пред неколку дена Роналдо во едно контроверзно интервју изјави дека многу го цени Меси, а сега легендарното дуо ја сними својата прва заедничка реклама.

Во рекламата за Луј Витон, Роналдо и Меси играат шах замислени, а нивниот дуел го сфаќаат многу сериозно, исто како да се на фудбалски терен. Роналдо и Меси ја објавија оваа фотографија во исто време на социјалните мрежи.

Поврзани новости