Владата го разгледа Извештајот на М-НАВ за процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање

by Fokus

Владата на денешната 102 седница го разгледа Извештајот на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје во однос на процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање.

Како што соопшти владината Прес-служба, на седницата беа образложени активностите коишто се спроведени од страна на М-НАВ во однос на процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање согласно јавниот оглас.

– Од страна на претставниците на М-НАВ АД Скопје беше информирано дека постапката е реализирана согласно законски утврдени процедури, дека селектираните кандидати, кои се и вработени во М-НАВ АД Скопје, имаат положено селекциски тестови според меѓународни стандарди, а за нивната професионална стручност зборува и фактот што по положените тестови, може да конкурираат за работа и во која било друга странска држава, се наведува во соопштението.

До Владата биле доставени и информации за утврдување на потреба за регрутирање и селекција на кандидатите, при што е посочено дека е согласно Годишниот план за работа на М-НАВ АД Скопје и Планот за јавни набавки на М-НАВ за 2022 година, како и за спроведувањето на јавната набавка и склучениот договор со економскиот оператор „GATE Aviation Training APS” од Данска, за селекција, почетна обука и обука за ADI TWR рејтинг за осум кандидати за контролори за летање.

– Беше објаснето дека регрутацијата и селекцијата на кандидати за контролори на летање е реализирана согласно донесениот Акционен план, со цел, како што беше објаснето, овозможување на сите инволвирани поедноставно следење на временските рамки на процесите поврзани со регрутација и селекција на кандидати за контролори на летање, се додава во соопштението.

На седницата се доставени и информации околу објавувањето јавен оглас и селекцијата на кандидати за контролори на летање, за што бил изготвен временски план и била спроведена селекција во соработка со ангажираниот економскиот оператор од Данска, со доставување предлог ранг листа на најуспешни кандидати, околу тестот за претселекција и тестирањето со FEAST тестот (First European Air Traffic Controller Selection Test), пришто FEAST II тестот и потоа FEAST III тестот го положиле тринаесетмина кандидати.

– Од нив, како што е информирано, за осумтемина кои се стекнале и со лекарско уверение, биле дадени насоки за вработување и нивно упатување на школување, се наведува во соопштението од владината седница.

Поврзани новости