Спасовски за Онишченко: Пропусти се случуваат, важно е да има одговорност

by Fokus

Пропусти се случуваат, важно е да има одговорност, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Тв21 за пасошот кој го добил контраверзниот украински бизнисмен Олександар Онишченко.

Тој вели дека не сака да прејудицира околу резултатите од внатрешната истрага во АНБ.

„Едно е дисциплинската одговорност… овде треба да се види дали има и некаков друг вид на одговорност. Ако има, и таа треба да се покрене“, додаде Спасовски.

Министерот вели дека и самото лоцирање на одговорноста за случајот „Онишченко“ е „сериозен одговор“.

„Секаде може да се случат одредени пропусти. Прашањето е дали тие пропусти ќе бидат оставени по страна или тие ќе бидат процесуирани. Овде одговорот е јасен и тоа директорот (Димовски) го соопштува – дека ги расчистува работиве и се преземаат соодветни мерки,“ рече Спасовски.

Поврзани новости