(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Славјанка ПЕТРОВСКА поддржувач на Украина
Војна со Русија среде зима, како тоа секогаш завршува знае ли некој,
ако знае нека каже, оти за таква војна ние го спремаме војник секој!
Ја поддржуваме Украина, на НАТО сме членка, сила сме воена и ние,
на твитер ме зезаат, но Путин сигурно е „уплашен“, не може да спие!

 

Христијан МИЦКОСКИ експерт за табели
Го чувте ли Ковачевски, кога збореше за ексел табели, дека ги сакал,
што ќе истресе следно, дека обожава Ворд и Пеинт, има ли тој акал?
Кога сме веќе кај табелите, по корумпираност сме 87-ми на табелата,
а на рејтинг-табелата, три пати сум појак од Таче, вест е на неделата!

 

Драги РАШКОВСКИ холивудски штедач
Од кај ми се парите, еве ќе ви кажам, децата мои од мекици штеделе,
да имавте како моите деца штедливи и вие сега милиони би вределе!
А не ми верувате оти ви звучи објаснувањево ептен онака холивудски?
Океј, ама јас моите тврдења ќе ги докажувам сите на рочишта судски!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Павле Трајанов, Данела Арсовска, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

Поврзани новости