Мицкоски: Повторно сме во најкорумпираните во Европа

by fokus

По објавената информација за скок од 24 места на државата во борбата против корупцијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи преку фејсбук статус.

-Да можеше водење на држава да се стави во ексел табела, ќе беше лесно за секој да води држава. Човекот треба да знае дека водењето на државата не е исто со неговата наследена ексел табела добиена за партијата. Државните интереси не може да се стават во ексел табела, ниту пак животот на граѓаните.

А кога сме кај ексел табелите, поважно е што таму бројките кажуваат повторно дека сме меѓу најкорумпираните во Европа на делба од 87 до 95 место, буџетски дефицит од околу 7.255.000.000 денари или нов долг за секое семејство за само 24 дена од 2022 година од околу 14.500 денари!

Овој пат да пробаме без ексел табели, туку со работа за она што е важно за народот, заштита на интересите, повеќе пари и иднина за сите,напиша Мицкоски.

Поврзани новости