Петровска: Го подржуваме територијалниот интегритет на Украина

by fokus 18:18
18:18

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во интервју за ТВ 24, вели дека државнот врв во целост и со внимание ја следи состојбата со Украина.

Македонија, според Петровска во целост го подржува територијалниот интегритет на Украина.

-Во целост ги поддржуваме напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и на ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување, коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент, а тоа, впрочем, не е целта за којашто сите се залагаме, вели Петровска.

Поврзани новости