Рашковски: Ниту Холивуд не може да го режира ова

by Fokus

Денешното прво судско рочиште, на кое на обвинителна клупа требаше да седне поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски се одложи за 24 февруари.

Одбраната на Рашковски  се жали дека доказите се собрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека се што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар.

„Не може обвинителството да има доказ од наводно мои пораки кои се напишани на ворд документ. Замислете испаѓа дека во една секунда се пратени 43 пораки. Не може да дава докази кои произлегуваат од незаконско прибирање докази. Не може да инпутира така. Ќе дојдете на судење, ќе има интересно судење, во делот на комјутерска форензика, ќе видите како се прибрале докази. Некој без знаење чепкал по приватни пораки. Не би сакал да навлегувам, сето тоа е предмет на постапка но се нудат податоци кои се апсурдни. Пораките инаку се искуцани на компјутерот на обвинителката, рече Рашковски.

Тој тврди дека има уште  докази и нови сведоци, меѓу кои и поранешниот министер Наќе Чулев, кои, како што рече ќе ја докажат целата постапка.

„Срамота е тоа што се прави. Сите знаеме дека во 2015 година јас не сум бил ниту функционер, не може во 2015 година  средства да бидат од кривично дело во 2019 година. Не треба да сте правник. Едноставно Холивуд да го режира ова, не може да го направи така“, додаде Рашковски.

Поврзани новости