(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ вселенски актер
Мицкоски е во лош филм, блокира Собрание, тој само за власт е борец,
а јас во научно-фантастичен филм сум, гледајте го на видео… Подгорец!
Буквално од Вселенскиот патријарх добив признание за црквата ни, топ,
а избори ќе има дури во 2024-та, па Мицко ако цркне, повикајте му поп!

 

Стевчо ЈАКИМОВСКИ штедлив затемнувач
Се налутија граѓаните оти советот на Карпош воведе зонско паркирање,
ама такво време дојде, мора да се наплаќа за сешто, имајте разбирање!
Кога сме веќе кај плаќањето, уличното осветлување прескапо е, гледам,
па решив пола од бандерите да светат, та и кога спијам јас да си штедам!

 

Фатмир БЕСИМИ ребалансирач на буџет
Само што ја решивме кризата со зејтинот, па сега и за извоз се спремаме,
стигаат три нови кризи, а заедничко за сите е што пари во буџет немаме!
Па затоа, ребалансот се крчка и ќе биде готов скоро, ќе кратиме милиони,
сал од непродуктивни трошоци, значи има од што, за нив сме шампиони!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Љупчо Николовски и Данела Арсовска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости