Дефектот е саниран, греењето во „Стив Наумов“ е во функција, тврди директорот на Државниот студентски дом

by fokus

Точно е дека неколку денови немаше парно во „Стив Наумов“ поради дефект на парноводната мрежа. Истиот е саниран, а со тоа греењето во домот е во функција, реагира директорот на Државниот студентски дом, Виктор Велевски откако „Студентска револуција“ до медиумите испрати допис во кој тврдеше дека во домот нема парно.

-Ве замолувам да не се шират дезинформации и за прашања кои се однесуваат на студентските домови е коректно пред било каква објава да се исконтактира инстутуцијата за која се објавува некоја вест. Точно е дека неколку денови немаше парно во Стив Наумов поради дефект на парноводната мрежа. Истиот е саниран, а со тоа греењето во домот е во функција, се вели во реакцијата на директорот.

Поврзани новости