Дедото на Тамара кој пукаше во Тодоров се товари за обид за убиство

by fokus 16:35
16:35

Основното јавно обвинителство – Скопје, по завршената истрага, поднесе Обвинителен акт против Љупчо Стојановски кој на 01.06.2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Стојановски е дедо на малата Тамара Димовска, која почина чекајќи одобрение за операција во странство.

Обвинението го товари за две кривични дела – Убиство од член 123 во врска со член 19  и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

- Advertising -

Заедно со Обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за продолжување на мерката – Притвор поради постоење на опасност од бегство на обвинетиот и опасност од извршување на обиденото кривично дело.

Поврзани новости