Орбан и Јанша го примиле Груевски во нивниот клуб

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Охрид оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и со поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша, кој беше осуден на две години затвор поради корупција.

Орбан кажа дека одлучиле да го примат Груевски во нивниот клуб, бидејчи и тој, како него и Јанша се европски политичари кои што веќе имаат и добиено и загубено избори.

-Во Европа има многу мал број на водачи на партии кои и после изгубените избори ја продолжуваат нивната работа и водењето на нивната партија и служат на нивната држава. Би можел да ви кажам безброј примери, кои некогаш беа лидери на некои европски држави, а сега се членови на големи економски консерни, работат во бизнисот и господинот Јанез Јанша е еден од таквите лидери, кои заедно со мене остануваме да и служиме на нашата држава, и кога е сончево и кога врне дожд. Многу ни е драго што и господинот Груевски реши и по претходните парламентарни избори реши да остане, од позиција на опозиција да и служи на сопствената татковина и јас можам само да честитам за тоа и му посакувам многу успеси тоа, изјави Орбан.

Поврзани новости