Младите македонски фудбалери конечно победија, „сметката“ за 9-месечниот пост ја плати Малта

by Fokus

Македонските млади фудбалски репрезентативци до 21 година конечно се израдуваа на триумф.

Победија првпат по цели девет месеци, во пријателски меч против Малта, убедливо со 4-0.

Натпреварот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, избраниците на селекторот Драган Канатларовски го одиграа одлично.

Македонија го отвори мечот со гол на Хамза Рамани уште во 10. минута од натпреварот, а само шест минути подоцна Димитар Тодоровски зголеми на 2-0.

По осум минути игра во вториот дел Андреј Стојчевски зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Луан Абази пред самиот крај на мечот.

Стартот на квалификациите на младите фудбалери е во септември кога најпрво играме против Шведска на 8 септември, а четири дена подоцна против Холандија.

Поврзани новости