Данев: Македонија е онаму кадешто ја оставивме пред една година

by fokus

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека животот во Македонија не е дојден.

-Во ништо не е подобар животот од пред година дена, откако СДСМ е на власт. Македонија е онаму кадешто ја оставивме пред година дена. Граѓаните немаат поголеми плати, не живеат подобро, се зголемуваат давачките за живот, рече Данев.

Тој не сакаше директно да одговори што мисли за проектот Скопје 2014, но рече дека ВМРО-ДПМНЕ правела проекти во интерес на граѓаните.

Поврзани новости