Карикатуристот Крстевски освои втора награда на интернационалниот фестивал во Турција

by fokus

Македонскиот и прилепски уметник и карикатурист Златко Крстевски е добитник на втора награда за карикатура на интернационалниот фестивал на уметничката карикатура што се одржува од 7 до 13 мај во Бурса, Турција.

На фестивалот насловен „5.KalDer Bursa Ulusrarasi Karikatur Yarismasi Sergisi“  делата се изложени во Зафер Плаза.

Крстевски учествува со второнаградената карикатура на Фестивалот се селектирани 262 од пријавените 602 дела на автори од 43 земји.

Поврзани новости